Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач во совојата изјава потенцираше дека баварците нема да излезат со понуда за напаѓачот на Ајнтрахт Франсфурт Анте Ребиќ.
За интересот на баварскиот гигант кон Хрватот се зборуваше веќе подолго време, кога стана јасно дека Ковач го напушта Ајнтрахт, за да ја преземе шампионската екипа на Баерн. Хрватскиот стручњак сепак нема намера да го привлекува својот поранешен играч на стадион „Алијанц Арена”.
„Ако погледнете во нашиот состав, веднаш ќе забележите дека имаме многу висок квалитет на неговата позиција. Затоа привлекувањето на Анте Ребиќ нема логика за нас ниту денес, ниту утре. Анте е силна личност и одличен играч кој се разви многу во последните две години во Франкфурт и во хрватскиот национален тим”, коментираше Нико Ковач во интервју за весникот „Спорт Билд“.