Тренерот на Баерн (Минхен) Нико Ковач е задоволен од играта на својот тим на мечот со Борусија (Дортмунд), и покрај тоа што средбата ја загубија со 2:3.
„Тоа беше фантастична игра. Играта беше отворена, а ние доминиравме во првиот дел. Потоа Дортмунд израмни, но ние пак дојдовме до предност. Потоа сепак дозволивме да примиме два гола, што не треба да се случува”, објасни Ковач.
„Можеме да бидеме задоволни од настапот, тоа беше најдобриот наш настап од средбата со Шалке оваа година. Особено пред паузата бевме на високо ниво. Сега треба да продолжиме со надградба над тоа за да покажуваме уште подобри игри”, додаде тренерот на Баерн Минхен.