Премиерот, Димитар Ковачевски, денеска ги испрати македонските фудбалерите на скопскиот аеродром и им вети премија од половина милион евра доколку ја поминат Португалија и се пласираат на Мундијалот.
Последниот бараж меч за Светското во Катар ќе го одиграме во вторник во вечерниот термин на стадионот –„Драгао“ во Порто.
Судија ќе биде Англичанецот, Ентони Тејлор а ќе му помагаат Гери Бесвик и Адам Нан. Во ВАР собата ќе биде уште еден Англичанец, Крис Кавана.