Освојувачот на сребрен медал од Светското првенство во фудбал во дресот на Хрватска Матео Ковачиќ остварил средба очи во очи со новиот тренер на Реал Мадрид Јулен Лопетеги и му рекол дека сака да го напушти клубот, соопштува весникот „Марка”.
Поранешниот играч од средниот ред на Интер зборувал со тренерот во базата на клубот и му објаснил дека најдобрата опција за неговата е да биде продаден во клуб каде ќе добива почесто минутажа.
„Марка” информира дека Ковачиќ и Лопатеги зборувале пријателски, но не многу долго, бидејќи фудбалерот бил цврсто решен за неговата желба. Весникот потсетува на интервју со Хрватот од 23 јуни, во кое тој објаснува дека разбира колку е тешко да си стартер во Реал Мадрид, но сака да добива повеќе шанси за докажување.
За три сезони во дресот на Реал Мадрид, Ковачиќ не се избори за местото во стартниот состав со конкуренцијата на Тони Крос, Лука Модриќ и Каземиро. „Марка“ додава дека Кралскиот клуб ќе се надева дека ќе добие најмалку 50 милиони евра за него, откако го купи од Интер за 30 милиони евра.