Ковчегот со телото на легендарниот бразилски фудбалер Пеле беше донесен од болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло на стадионот на Сантос.
Пеле почина во четвртокот, на 82 години, по долга борба со ракот на дебелото црево.
Според информациите кои ги објави Сантос, ковчегот ќе биде поставен во централниот круг на тревникот на стадионот „Урбано Калдеира“, попознат како „Вила Белмиро“. Навивачите ќе можат да поминат покрај ковчегот на растојание од околу пет метри. Според најавите, новоизбраниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва ќе дојде да му оддаде почит на фудбалскиот великан.
Погребот ќе биде утре на Меморијалните гробишта „Екуменика“.