Кошаркарската федерација на Македонија ќе мора да го одложи стартот на сезоната откако се зголеми бројот на заразени членови во екипите.
Академија ФМП има седум играчи и целата екипата е во изолација. И вардарци се во карантин бидејќи играа пријателски меч со ФМП. Неофицијално има тројца со позитивен тест во новиот прволигаш ТФТ, двајца во МЗТ Скопје и по еден во Гостивар и МЗТ Скопје УНИ Банка. Претходно, заразен играч беше пријавен и во Работнички.
Според најавите, стартот на Првата лига ќе биде пролонгиран за најмалку две недели.

