Бројот на заразени со коронавирус во Џенова се зголеми за уште три. Денес, екипата на Џенова објави дека тестовите на Давиде Бираски, Доменико Кришито и Дариан Малес биле позитивни, со што вкупниот број се зголеми на 22 лица, од кои најмалку петмина се вработени во клубот, а останатите 17 се дел од првиот тим.
Кризата со КОВИД-19 се случи во тимот пред повеќе од една недела и како резултат на тоа, натпреварот против Торино, кој требаше да се игра денес, беше одложен на неодредено време. Во последното коло, тимот загуби убедливо со 0:6 од Наполи, а за овој натпревар не можеа да сметаат на двајца фудбалери поради вирусот. Денес клубот продолжува да зема нови примероци, да прави нови тестирања чии резултати ќе бидат познати утре.
Ние се надеваме дека нашиот репрезентативен капитен Горан Пандев ќе остане негативен и понатаму.

