Германскиот фудбалски клуб Херта Берлин го ограничи капацитетот на стадионот за мечот со Аугсбург во 13-тото коло од Бундес лигата.
На средбата ќе бидат примени само 39.738 фанови поради зголемениот број на инфицирани со корона-вирус во земјата. Целиот капацитет на стадионот на Херта е 74.000 гледачи a раководството на тимот се надеваше дека ќе гo исполни за натпреварот, запазувајќи го т.н. правило „2G“ – вакцинација.
Сепак, Градскиот совет на Берлин ја намали максималната посетеност на спортски настани до 50% а новото правило ќе стапи на сила за сите други настани од 1 декември.

