Аргентинскиот стручњак и тренер на гигантот Ривер Плата, Марсело Гаљардо најави дека по осум години минати на клупата на тимот од Буенос Аирес ќе ја напушти таа позиција кога ќе му истече договорот на крајот на годината.
„Мојот договор истекува во декември и повеќе нема да бидам во клубот. Тоа е една од најтешките одлуки“, рече Гаљардо на прес-конференцијата.
„Сè е при крај, време е да завршиме еден убав циклус. Сакам да им се заблагодарам на фановите за љубовта и поддршката што ми ја дадоа“, додаде тој.
Ривер Плата моментално е втор на табелата со 44 бодови, четири помалку од вечниот ривал Бока Јуниорс. Ривер беше елиминиран во осминафиналето на Копа Либертадорес, а потоа и во Копа Аргентина.
Мандатот на Гаљардо е втор најдолг во историјата на клубот, освојувајќи седум национални и седум меѓународни трофеи, вклучувајќи и два трофеи во Копа Либертадорес.