Лука Јовиќ ќе мора да плати казна во касата на Реал Мадрид околу 1,5 милион евра откако направи серија непромислени работи во изминатиот период.
Медиумите во Шпанија најавија дека фудбалерот ќе биде дополнително санкциониран и од страна на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој не крие дека е максимално изнервиран по сите будалаштини на српскиот интернационалец.
„Белите“ пред еден месец го казнија Јовиќ за непочитување на клупскиот карантин а чашата ја прели неговата последна глупост кога лажеше дека се повредил додека тренирал индивидуално.