Дел од француските медиуми објавија дека челниците на Реал Мадрид започнале преговори со фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, кој вчера успеа да погоди во мрежата на Шефилд Јунајтед и да ја потврди победата на неговиот тим.
Според познатиот француски спортски медиум – „Ле10 спорт“, фудбалерот на „црвените“ е една од главните трансферни цели на тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан. Наводно, искусниот стратег на клупата на шпанскиот состав го посочил Сенегалецот како идеално решение за нападот заедно со Карим Бензема и Еден Азар.
Се очекува Реал Мадрид во текот на зимскиот трансфер период да го продаде Герет Бејл и добиените средства да ги пренасочи за купување на црномурестиот играч на Ливерпул.