Фудбалерот на Интер, Милан Шкриниар, на крајот на сезоната ќе биде слободен играч откако ќе му истече договорот со италијанскиот тим.
Тоа сака да го искористи Реал Мадрид и да му понуди 10 милиони евра по сезона на словачкиот дефанзивец доколку дојде на „Сантијаго Бернабе“.
Во исто време и францускиот состав ПСЖ, покажува дека е заинтересиран за одличниот фудбалер.