Луѓето од Реал Мадрид ќе добијат голема конкуренција во трката за потписот на фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен, откако „Дејли Стар“ денеска објави дека за неговите услуги се заинтересирани и челниците на Баерн Минхен.
Данскиот репрезентативец кој има бласкава сезона во редовите на „спарси“ најверојатно ќе добие понуди од гигантите од Шпанија и од Германија.
Затоа се наметнува дилемата дали 27- годишниот играч ќе остане кај лондончани во Премиер лигата или ќе се определи да замине во друг шампионат.