Велшкиот фудбалски репрезентативец, Герет Бејл, го пропушти тренингот на Реал Мадрид поради болки во нозете. Тренерот, Зинедин Зидан, ги подели играчите на два тима кои одиграа 90-ет минути на стадионот – „Алфредо Ди Стефано“.
Фудбалерите практично го имаа првото вистинско загревање за продолжението на сезоната во Ла Лига по пауза од речиси три месеци поради пандемијата со корона-вирусот. Повредата на Бејл не е сериозна и тој најверојатно ќе може да игра на 14 јуни на дуелот со Еибар.
Покрај велшанецот, напаѓачите Маријано Дијаз и Лука Јовиќ исто така не тренираа бидејќи се рековалесцентни. Еден Азард и Марко Асенсио по долго отсуство поради повредa се вратија на терените додека Валверде, Начо и Иско играа иако се пожалија на болки во нозете.