Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал од тренерот, Карло Анчелоти, да направи список на фудбалери кои ќе бидат ставени во текот на летото на траснсфер листата, објави весникот – „Марка“.
На средбата во петокот било разговарано и за најавениот ангажман на францускиот напаѓач, Килијан Мбапе, кој најверојатно ќе си замине од Пари Сен Жермен.
Познато е дека на крајот на сезона Иско и Герет Бајл ќе ги напуштат „белите“ без обештетување додека неколку други играчи ќе бидат понудени на трансфер- пазарот.