Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Диого Далот, се наоѓа на радарот на Реал Мадрид, најавија медиумите во Англија и Шпанија.
Португалецот неодамна го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ за нови 12 месеци но, нема загарантирано место во првата постава. Паралелно, тренерот Тен Хаг, најави дека сака да ангажира нов играч на позицијата десен бек.
Токму таа ситуација сака да ја искористи шпанскиот состав. Трансферната сума за Далот е околу 50 милиони евра.