Реал Мадрид испиша нова стрaница во фудбалската историја откако стана првиот тим што три сезони по ред го освоил победничкиоот пехар во Лигата на шампионите.
Шпанскиот гигант успеа да го совлада во финалето во Киев тимот на Ливерпул со 3 спрема 1 благодарение на головите на Бензема и Герет Бејл. Французинот во 51 минута искористи неверојатна грешка на голманот Кариус додека Велшанецот со два-евро гола практично го задржа пехарот од претходните две сезони на „Сантијаго Бернабе“.
Кристијано Роналдо по мечот во Украина успеа да дојде до петтиот пехар во елитата додека тренерот, Зинедин Зидан, е првиот кој успеа да спои во серија три трофеи во Лигата на шампионите. Неочекуван хендикеп за четата на Јирген Клоп беше принудната замена на првата ѕвезда, Мохамед Салах уште во раната фаза од мечот.