Реал Мадрид доцна синоќа успеа да слави на домашен терен против Лас Палмас со 2-0 и да прокнижи нови бодови во Примера Дивизион.
Веднаш по мечот тренерот, Карло Анчелоти, потврди дека двајца стандардни првотимци заработиле повреди. Станува збор за дефанзивците – Давид Алаба и Антонио Рудигер.
„Давид нема да игра против Џирона. Рудигер исто така доби удар“ – изјави Италијанецот. Алаба кој беше заменет во првото полувреме има проблем со адукторот. Повредата на Рудигер не е толку сериозна.