Норвешкиот крал Харалд V ќе биде меѓу гледачите на трибините на „Олд Трафорд“ на неделното дерби во Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, пренесува локалните медиуми во Норвешка.
Кралот Харалд (82) ќе пристигне на „Олд Трафорд“ на покана на домаќините чиј менаџер е Норвежанецот Оле Гунар Солскјер. Кралот на Норвешка е многу голем љубител на спортот, па дури и учествувал на Олимписки игри во дисциплината едрење. Интересна работа за него е што тој е обожавател на Тотенхем.
Харалд започна да ги сака „Спарси“ за време на годините поминати на колеџ во Лондон во 60-тите години од минатиот век. Во 1961 година Тотенхем беше освојувач на двојната круна откако стана шампиони и го освои ФА Купот.