Фудбалерот на Хофенхајм, Андреј Крамариќ, откако имаше операција на десното колено, ќе мора да се рехабилитира подолг период, објави денеска елитниот состав кој настапува во Бундес-конкуренцијата.
28-годишниот хрватски напаѓач соочен со хронични болки во коленото се определи да се врати во татковината и да се подложи на операција. Репрезентативецот на „коцкестите“ кој се израдува на сребрениот медал на последниот Мундијал во Русија, се измачуваше со повредата на коленото додека течеа летните подготовки на тимот.
Хрватот во претходната сезона во Бундеслигата постигна 17 голови и направи 4 асистенции на 30 одиграни средби. Крамариќ е број 1 во клупската историја на Хофенхајм во Бундеслигата со вкупно 50 гола на 113 натпревари.