Шпанскиот фудбалски состав Барселона ќе го стави на трансфер-листата Антоан Гризман иако пред само една година за потписот на Французинот на Атлетико Мадрид му беа платени големи 120 милиони евра.
Напаѓачот вчера наполни 29 години а каталонците се свесни дека треба што поскоро да го продадат ако сакаат да си ги вратат парите.
Бидејќи Шпанците најавија дека ќе го враќаат Нејмар и дека ќе направат напор да дојдат до голгетерот на Интер, Лаутаро Мартинез, повеќе од јасно е дека Гризман ќе биде вишок во нападот.