Фудбалерот на Јувентус, Арон Рамзи, по само една сезона може да си замине од Торино бидејќи не е задоволен од минутажа што му ја дава тренерот, Маурисио Сари, објави денеска весникот – „Тутоспорт“.
Во исто време и италијанскиот состав најави дека сака да се раздели со фудбалерот кој има големи примања а не ги исполни очекувањата.
Англиските медиуми тврдат дека Рамзи би можел да се врати во Премиер лигата и да го облече дресот на Тотенхем.