Аргентинскиот фудбалер, Хернан Креспо, кој играше за многу големи тимови откри дека двапати бил пред трансфер во шпанскиот гигант Реал Мадрид.
Поранешниот аргентински напаѓач ги има облечено дресовите на Ривер Плата, Парма, Лацио, Интер, Челзи, Милан и Џенова.
„Во 2002 година играв за Лацио и имав разговори со Реал Мадрид и Интер. Сè зависеше од Роналдо На крајот, тој одлучи да се приклучи на Реал па потпишав со „нероаѕурите“ – изјави 46-годишниот Креспо нагласувајки дека вториот случај кој пропаднал бил само неколку години подоцна.