Рома конечно најде нов дефанзивец. Откако се споменуваа имињата на Даниеле Ругани од Јувентус и Дејан Ловрен од Ливерпул,
„Волчицата“ на крајот ќе го привлечат дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг, пренесува „Sky Sports“.
Договорот ќе биде за едногодишна позајмица без опција за откуп. Римјаните ќе му платат на Манчетсер Јунајтед за трансферот износ од 3 милиони евра. Сите детали меѓу двете страни се прецизирани и играчот ја дал својата согласност.
Минатата сезона, Смолинг беше солиден првотимец во „црвените ѓаволи“, но откако Хари Мегуаер дојде на „Олд Трафорд“, англискиот репрезентативец требаше да или да биде резерва или да бара нов тим.