Раководството на Кристал Палас не планира да го продолжи договорот со тренерот Рој Хоџсон, пишува „Дејли меил“.
Според изворот, раководството на клубот веќе започнало да бара нов тренер. Тренерот на Рома, Пауло Фонсека и поранешниот тренер на Челзи, Френк Лампард се сметаат за главни кандидати за менаџерската позиција во Кристал Палас. Прелиминарните преговори веќе се водат со двајцата тренери.
Покрај Фонсека и Лампард, кандидати се и главниот тренер на Барнли и предводник на Свонси Сити, Стив Купер.
Рој Хоџсон на 9 август ќе наполни 74 години, а самиот тренер постојано повторуваше дека размислува да стави крај на тренерската кариера. Неговиот договор со Кристал Палас завршува на крајот на оваа сезона. Хоџсон ги предводи фудбалерите на оваа екипа од 12 септември 2017 година.
Кристал Палас успеа да освои 37 поени на 29 натпревари и е на 12-тото место на табелата во англиската Премиер лига.