Кристал Палас ќе направи обид да го купи играчот од средниот ред на Челзи, Конор Галагер, пренесува „Дејли мејл“.
Играчот од средниот ред, кој е тинејџер на „сините“, последната сезома ја мина со „орлите“ и импресионираше со добрите игри, по што дури и заработи повик во репрезентацијата. Тој се врати во тимот на Томас Тухел оваа сезона, но досега има забележано само 70 минути во првите три натпревари.
Токму оваа статистика им даде надеж на луѓето од Кристал Палас дека 35 милиони фунти за Галагер ќе бидат доволни за реализација на трансфер.