Играчот од средниот ред на Рома, Брајан Кристанте е блиску до продолжување на договорот со клубот, објави спортскиот новинар Николо Шира на своите социјални мрежи.
Според изворот, новиот договор ќе биде со важност до 2026 година. Играчот ќе заработува 3 милиони евра по сезона. Актуелниот договор на Брајан Кристанте со Рома е до летото 2024 година. Фудбалерот од средниот ред оваа сезона има шест настапи и постигна еден гол.
Екипата на Рома можеби добро стартуваше во Серија А со 10 освоени бодово во првите 5 кола, но на стартот на групната фаза на Лига Европа загубио на гостувањето кај Лудогорец со резултат 2:1.