Играчот на Рома, Брајан Кристанте, не крие дека е презадоволен од работата на новиот тренер Де Роси, кој дојде на местото на Жозе Мурињо.
Играчот од средниот ред на „волчицата“ се восхитува на беспрекорната адаптација на новиот тренер. Кристанте претходно работеше со Де Роси на Евро 2020 година во италијанската репрезентација.
„Кога пристигна, не му требаше вовед. Можеби му беше тешко да се приклучи на тимот но, добро менаџира со играчите“ – вели Кристанте.

