Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен е многу блиску до враќање во Премиер лигата каде викендов ќе потпише договор со Брентфорд. „Дејли Мејл“ вели дека двете страни сакаат да постигнат договор пред затворањето на трансфер прозорецот следниот понеделник.
29-годишниот Ериксен тренира со резервниот тим на Ајакс во последните денови за да се врати во форма за неговото очекувано враќање во натпреварувачки ритам, а разговорите со „пчелите“ продолжуваат.