Менаџментот на Интер официјално ја објави информацијата дека Кристијан Ериксен е нов играч на нивниот клуб.
Данскиот играч од средниот ред пристигнува во Милано со договор до летото 2024 година. Според италијанските медиуми, Тотенхем ќе добие околу 20 милиони евра за трансферот. Ериксен имаше договор со лондонскиот клуб до летото 2020 година. Играчот од средниот ред со месеци преговараше за трансфер во Реал Мадрид, но сепак на крајот заврши на „Џузепе Меаца“.

Кристијан Ериксен ќе биде големо засилување за тимот на Антонио Конте кој оваа сезона игра одлично и се надева дека конечно ќе го симне од шампионскиот трон Јувентус, кој е неприкосновен во Италија во последните години.

