Кристијано Џунтоли денеска се прошета во тренинг центарот на Јувентус и тоа во улога на нов спортски директор на „старата дама“. Тој во комуникација со медиумите, наведе дека од дете навивал за Јуве.
„Како дете го напуштав Прато и со автобуси патував 8 часови за да го гледам Јувентус. Значи, моето доаѓање е извор на големо задоволство и навистина неверојатно чувство“ – вели Џунтоли.
„Времето ќе покаже дали ќе поминеме подобро но, јас сигурно ќе бидам голем работохолик“ – изјави новиот директор на Јувентус.