Откако го помина медицинските прегледи во текот на претпладневните часови, Кристијано Роналдо и официјално беше претставен како нов член на италијанскиот шампион, Јувентус.
Најдобриот фудбалер за изминатата година пристигна во Торино и ги помина прегледите, за потоа да стави потпис на четиригодишниот договор со „старата дама“. Кристијано Роналдо ја предводеше својата репрезентација на СП во Русија, каде беа елиминирани во осминафиналната фаза. Од тој момент, заедно со својата девојка, мајка и децата замина на краток одмор во Грција од каде го чекаше својот трансфер во Јувентус.
По девет години поминати во Реал Мадрид и Ла Лига, Кристијано Роналдо прави чекор напред во својата кариера и одлучи да направи обид да освои шампионска титула во италијанска Серија А.