Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо постигна гол на натпреварот од одложеното 18. коло од англиската Премиер лига со Брајтон (2:0).
Според ова , Португалецот постигнал најмалку еден гол во 21 календарска година. Серијата на Кристијано Роналдо започна од 2002 година. Во тој момент напаѓачот настапуваше за португалскиот Спортинг.
Интересно е тоа што благодарение на голот против Брајтон, Роналдо ја прекина серијата без голови од шест натпревари. Покрај тоа, ова е прв гол за Кристијано Роналдо во 2022 година.
Во актуелната сезона на англиската Премиер лига, Португалецот има одиграно 21 натпревар, постигнато девет гола и три асистенции.