Петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, го израмни рекордот во Лигата на шампионите на последниот натпрева кој Јувентус го доби со 1:0 против Валенсија.
Ѕвездата на италијанскиот гигант стана првиот фудбалер во историјата кој стигна победата број 100 во Лигата на шампионите. Единствениот гол во Торино беше дело на Марио Манџукиќ на асистенција на Роналдо.
Покрај тоа, Кристијано Роналдо победил повеќе пати во ова натпреваруваше од 136 тима од вкупно 140 кои некогаш учествувале во него. Португалскиот напаѓач исто така е број 1 во историјата на Лигата на шампионите со 121 погодок, а по него следи Лео Меси (105).
„Роналдо ни дава доверба и сигурност, но генерално тимот е ист како минатата сезона”, изјави тренерот Масимилијано Алегри за Кристијано.
По вчерашниот натпревар, Јувентус е лидер со 12 поени, а Манчестер Јунајтед има 10 поени. Во последното коло на 12 декември, италијанскиот шампион гостува кај Јанг Бојс.