Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо веќе се врати во Торино. Португалецот досега беше дома за да биде близу до својата болна мајка.
Тој избра да се изолира со семејството во Мадеира додека траеше пандемијата на коронавирусот. По неколкудневната сага, 35-годишниот Роналдо конечно се врати во Италија. Тој слета на аеродромот „Каселе“ синоќа во 22:23 часот, придружуван од неговата девојка Георгина Родригез и четирите деца. Тој беше придружуван до неговиот дом од страна на голема полициска придружба.
Сега за Кристијано Роналдо следува задолжителен 14-дневен карантин, по што ќе може да се приклучи на тренинзите на Јувентус пред обновувањето на сезонската во Серија А.