Раководството на Реал Мадрид е подготвено да го продолжи договорот со 34-годишниот играч за врска Тони Крос на уште една сезона.
Реал е подготвен да му понуди продолжување на договорот до 2025 година, но клубот не е уверен дека ќе успее да го убеди и самиот играч на само едногодишна соработка, бидејќи Крос напомена дека доколку не добие двегодишен договор најверојатно ќе оди во пензија.
Оваа сезона Тони Крос учествуваше на 29 натпревари во сите натпреварувања за клубот на кои постигна 1 гол и имаше 7 асистенции.

