Тони Крос ќе се повлече од фудбалот веднаш по Европското првенство што ќе биде реализирано во неговата Германија од 14 јуни до 14 јули.
35 годишниот играч дојде во Реал Мадрид во 2014 година од Баерн Минхен. Тој во 463 меча даде 28 голови а имаше и 98 асистенции. Последен меч за „кралевите“ ќе му биде финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд на 1 јуни на легендарниот стадион – „Вембли“.
Крос во богата кариера покрај за „белите“ и Баварците, има кратко настапувано и за „милионерите“ од Дортмунд.