Фудбалерите на Реал Мадрид вчера доживеаа елиминација во Лигата на шампионите откако загубија на домашен терен од Ајакс со 4 спрема 1.
Холанѓаните со тој триумф ја анулираа негативата од првиот меч кога загубија со 2:1. Играчот на Шпанците, Тони Крос, даде објаснување за целата ситуација во која се наоѓаат „кралевите“ кои сезоната ќе ја завршат без трофеј. Имено, тие ја загубија трката за титулата во Примера а неодамна беа елиминирани од Барселона во Кралскиот Куп.
„Имаме добра екипа но, да бидам искрен не игравме добро. Сега ја загубивме и последната шанса да освоиме барем еден трофеј и тоа е тешко да се прифати. Мислам дека луѓето брзо заборавија што се случи во минатото кога три пати по ред ја освоивме ЛШ. Мислам дека тоа никогаш нема да се повтори. Сакам да му честитам на Ајакс за победата“ – изјави Крос по вчерашниот меч на „Сантијаго Бернабе“.
