Тони Крос кој има договор со Реал Мадрид до летото во 2023 година ќе добие понуда да го продолжи за уште 12 месеци, објавија дел од медиумите во Шпанија.
Германскиот фудбалер кој се активираше на „Сантијаго Бернабе“ во 2014 година, има одиграно 346 натпревари и постигнато 25 голови. Раководството на „кралевите“ сака да ја продолжи соработката со одличниот играч од средниот ред.
Идентична е состојбата и со Хрватот, Лука Модриќ, кој треба да реши дали ќе остане уште една сезона во клубот.