Крсте Велкоски е нов фудбалер на Македонија Ѓорче Петров. Освојувачот на Купот на Македонија, како и што најавивме, обезбеди големо засилување во името на поранешниот репрезентативец на Македонија, Искусниот 35-годишниот Велкоски од Работнички се сели во Македонија Ѓорче Петров, со договор до крајот на сезоната.
Вевчанецот ќе биде четврто ново име во досегашниот дел од преодниот рок за Македонија ЃП. Досега потпишаа дефанзивците Жилберто и Давид Родригез Лопез, како и напаѓачот Џонатан Балотели.

