Најубедливиот пораз вчера во 2. коло на ПМФЛ го претрпе екипата на Брера Струмица, која загуби во Кратово од Силекс со 4:0. Тренерот на струмичани, Бојан Круљ по мечот критички потенцираше дека ова е најлошиот меч откако тој е тренер на клубот.
„Примивме четири гола и како што реков, ако минатата недела ја одигравме најдобрата средба, ова беше најлоша откако сум тука. Одговорноста ја преземам јас. Не е пријатно вака кога ќе се загуби. Но, нема што да кукаме, ќе направиме разговори меѓу нас да ги најдеме грешките и да се издигнеме од овој пораз“, изјави Круљ.

