Фудбалерот на Фенербахче, Раде Круниќ, би можел да го напушти турскиот состав на крајот на сезоната иако досега не дибил конкретна понуда. Членот на управниот одбор на клубот, Салахатин Баки, ја коментираше информацијата дека за Круниќ е заинтерсиран рускиот Зенит.
„Не добивме никакви барања од Зенит за евентуален трансфер на Круниќ. Ниту официјално, ниту неофицијално“ – рече Баки.
30-годишниот играч од средниот ред во сезонава се појави на 32 натпревари на кои постигна една асистенција. Тој има договор до 2025 година.

