Иван Кружлиак од Словачка ќе го суди утрешниот меч во Лигата на нации меѓу Грузија и Македонија кој ќе се одигра на стадионот во Тбилиси. Истиот решава и за првото место во групата.
Кружлиак им судеше на нашите млади фудбалери на мечот со Португалија на Европското првенство до 21 година кое се одржа во 2017-та. Помошници ќе му бидат неговите сонародници Бранислав Ханцко и Јан Позор а четврти судија ќе биде Петер Кралович.
Италијанецот, Паоло Валери е ВАР судија а неговиот сонародник Марко Бресмес ќе му биде е помошник.