Напаѓачот на германскиот тим Херта, Кшиштоф Пјонтек е блиску до враќање во Џенова, објави „Sky Sport Italia“.
Информацијата која беше објавена вели дека, клубовите се договориле за позајмица на 26-годишниот напаѓач со опција за откуп од 17 милиони евра. Фиорентина, Торино и Галатасарај исто така го бараат играчот. Пјонтек оваа сезона постигна 1 гол и 1 асистенција на 9 натпревари во Бундеслигата.
Шевченко кој стана тренер на Џенова на 7 ноември сака да го засили нападот на својата екипа со цел да обезбеди опстанок во Серија А. Во моментов Шевченко е позитивен на ковид-19 откако 28 декември се дозна дека тренерот се заразил со коронавирус.

