Хуан Куадрадо е уште еден од првотимците на Јувентус, кој се договори со раководството на клубот за нов договор. Колумбиецот, кој е во Јувентус од 2015 година, ќе го обнови својот договор за уште две години, објави „Тутоспорт“.
Куадрадо беше вратен на десната бековска позиција оваа сезона поради проблем со повредите на играчите на оваа позиција, но одлично се снајде и се преставува во оваа улога.
Куадрадо е трет фудбалер што го обновува договорот со клубот. Ова веќе го направи дефанзивецот Леонардо Бонучи, а во наредните денови се очекува нов договор за три години да потпише и голманот Војчих Шчесни.

