Од денеска до 12 февруари во Ријека, Хрватска, македонските куглари ќе имаат настап на Светскиот куп во поединечна конкуренција, за јуниори и сениори.
Македонија во У-23 конкуренција ќе ја преставуваат Андреа Вељаноска (ЖКК Пелистер Пин) и Александар Младеновско (КК Макпетрол Б), а во сениорска Стефанија Алексовска (ЖКК Пелистер Пин) и Младен Донковски (КК Макпетрол А).
Вчера нашите куглари имаа тренинг-натпревар на кугланата во Ковачица, Србија. Светскиот куп во Ријека ќе се одржува во кугланата “СРЦ Млака”.