Првата пресметка од 1/2-финалето во Лигата на шампионите меѓу Баерн (Минхен) и Реал Мадрид му е доверена на холандскиот судија Бјорн Кујперс, објави УЕФА.
Овој судија го водеше финалето во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во 2014-та во Лисабон, по кој Реал триумфираше во ЛШ по 10-ти пат.
Во оваа сезона тој му сидеше на мадридскиот тим во групната фаза против Борусија (Дортмунд), тогаш Шпанците победија со 3:1 и тоа нa гостински терен. Кујперс му сидеше на три натпревари на Баерн Минхен. Последен беше пролетта 2016-та кога делеше правда на мечот Баерн – Бенфика во натпревар од 1/4-финалето, а заврши со 2:2. Тој беше судија и на средбите од групната фаза со Манчестер Сити (3:1 за Баерн, сезона 2013/14) и Наполи (3:2 за Баерн, сезона 2011/12).
Натпреварот од 1/2 финалето помеѓу Ливерпул и Рома му е доверен на германскиот судија Феликс Брих.