Марк Кукуреја кој од вчера е нов фудбалер на Челзи, напиша на социјалните мрежи дека му се исполнил сонот од детството бидејќи сакал да настапува токму на стадионот – „Стемфорд Бриџ“.
„Здраво, сини ! Конечно сум тука. Многу сум среќен што дојдов и исполнив еден од моите детски соништа – да играм за Челзи“ – напиша Шпанецот на социјалната мрежа – „Твитер“.
Дефанзивецот е еден од најскапите трансфери што ги има направено екипата од Лондон. Челзи за неговиот потпис му плати на Брајтон околу 65 милиони евра.