Челниците на фудбалскиот состав, Манчестер Сити, набрзо ќе ја испратат првата понуда за дефанзивецот на Брајтон, Марк Кукуреја, кој во претходната сезона одигра 35 натпревари и постигна гол против Манчестер Јунајтед.
Се верува дека Брајтон за потписот на 23-годишниот Шпанец бара најмалку 50 милиони фунти што не треба да претставува проблем за богатите сопственици на клубот од – „Етихад“.
За Кукуреја се заинтересирани уште неколку англиски екипи пред се Челзи и Тотенхем.