Бруно Сантини кој е агент задолжен за трансфери на црномурестиот дефанзивен фудбалер на Наполи, Калиду Кулибали, непосредно пред крајот на сезоната во Серија „А“ излезе со размислување околу иднината на неговиот клиен.
Тој во интервју за „Kiss Kiss“, вели дека не ја исклучува можноста интернационалецот од Сенегал да го облече дресот на Јувентус. -Рано е да се зборува за трансфери. Доаѓа светското првенство и мораме да почекаме и да видиме што ќе се случи со натамошната кариера на Кулибали.
Јувентус? Зошто не, тој е одличен фудбалер и може да игра за секој голем европски клуб. Сепак, како што реков, се уште е рано да се зборува за трансфери ” – потенцираше менаџерот на Сенегалскиот репрезентативец.